Description
Бубу балсамот е органски лековит мелем од растително потекло, направен да ги смирува, третира, лекува и штити шепите, носот и кожата на вашето милениче. Идеален е за лекување на рани и штити од појава на хиперкератоза на перничињата на шепите, симптоми на алергија на шепите, повреди од екстремни временски услови, суви и иритирани лакти.
Начин на употреба: Користете ja шпатулата за да нанесете доволна количина од балзамот директно на саканата област. Масирајте додека не добиете мазна рамномерна покривка и убав сјај. Најдобро време за нанесување е пред спиење или одмор, така мелемот најдобро ќе се апсорбира. Избегнувајте нанесување непосредно пред игра или шетање. Користете 2 до 3 пати на ден за суви и испукани шепи. За одржување, користете помеѓу 4 и 5 пати неделно.